Ceлa co пoддpшкa зa Данела Арсовска: Cтоиме пoзaди нea co кpajнa цeл дo пoбeдa, ajде cите заeдно дa ja дoнeceмe пpoмeнaта вo Гpaд Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на опозициската Алијанса за Албанците, Зијадин Села истакна дека тие како коалиција со Алтернатива стојат позади независната кандидатура за Град Скопје на Данела Арсовска.

Во изјавата за новинарите после Централното претседателство на партијата, на кое се одлучуваше за нивните кандидати за градоначалници, Села порача дека тие како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат договор за соработка и взаемна поддршка на претстојните локални избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, при што за Скопје и тие застануваат зад Данела Арсовска со крајна цела, победа и носење промена во Град Скопје.

-Ние имаме еден договор за соработка и со други политички субјекти и овој договор за соработка е јавно објавен. Како што направивме понуда пред неколку месеци на нашите опоненти, Демократска унија за интеграција да излеземе и лице во лице да се соочиме на локалните избори. Тие не ја прифатија оваа понуда, наметнаа друго темпо на понуда на трката и ние одговоривме на ист начин. Нормално е опозицијата да има соработка во различни нивоа и ние имаме договор за соработка и взаемна поддршка. Тие во општини во кои невозможно е да победат и ние исто така ќе ги поддржиме нив во општини во кои невозможно е ние да победиме. Тоа е нашиот договор и ние стоиме позади овој договор. Што се однесува за Град Скопје, таму има објавено една независна кандидатура и ние ќе стоиме позади за да ја донесеме промената и да го добиеме и Град Скопје и со ова ние се однесуваме во согласност со опозицијата, истакна Села.

Тој потенцираше дека примарна цел на опозицијата секаде е победа на избори и доаѓање на власт и поради тоа очекувана и нормалана е секоја соработка помеѓу опозициските партии.

За таа цел, Села ги повика сите македонски граѓани да се обединат и на претстојните избори актуелната власт да ја пратат во опозиција така што на тој начин корумпираните лица во власта да ги пратат пред лицето на правдата.

-Примарна целт на опозицијата секаде е да ја добие власта, примарна цел и е да го формира новото раководство. А од друга страна оваа Влада го претера зулумот со корупција и со се друго. Толку е евидентна корупцијата што самите владини експоненти зборуваат за корупцијата, истите кои 20 години се тие кои ја саделе, растеле, ја развиле и сега ги гушат граѓаните, но само едно треба јавно да прифатат. Тие што ја создале оваа ситуација, не може да ја решат. Тие што ја создале оваа ситуација треба да одговараат и воопшто да не се обидуваат, вината за корупција, да му ја префрлат на народот, да не бараат народот да одговара за корупцијата, затоа што тие кои треба да одговараат е тој политички субјект кој 20 години е на власт. Цивилизираните држави и со консилидирана демократија и со законски ред, политичарите ги ставаат на одговорност уште додека се на власт. Додека државите како Македонија, во кои правната држава ја нема, за жал, и тоа е одговор, политичарите одговараат кога одат во опозиција. Ајде заедно да ги испратиме во опозиција, да ги ставиме пред одговорноста за да пратиме порака, дека треба да се каже „доста е веќе“, да се сопре корупцијата, затоа што навистина е рана сите ние заедно треба да ја излечиме, апелираше Села.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This