Ceмejнa дpaмa вo Тетово: Пpивeдeн 26-гoдишник зaтoa штo гo нaпaднaл тaткo мy co ocтap пpeдмeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и шест годишник бил приведен во полицијата откако неговиот татко го пријавил дека го нападнал. Според пријавата на 47-годишниот татко, синот при нападот користел и остар предмет.

– Ноќеска околу 1 часот и 25 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовчанец К.В., кој претходно физички го нападнал неговиот 47-годишен татко Л.В. Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет. К.В. задржан е во Полициската станица Тетово.

Се расчистува и документира случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во 2020 година СВР Тетово бележи 74 кривични дела кои се однесувале на семејно насилство, при што најбројни се оние со употреба на физичка сила и нанесување на телесни повреди како и загрозување на сигурноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This