дома Свет Ceнaтoт гo ocлoбoди Трамп зa o6винeниeтo зa пoттикнyвaњe нeмиpи

Ceнaтoт гo ocлoбoди Трамп зa o6винeниeтo зa пoттикнyвaњe нeмиpи

Второто судење за импичмент на Доналд Трамп заврши вчера со гласање со кое се ослободи поранешниот американски претседател од обвинувањата дека ги поттикнал немирите на шести јануари во Капитол во кој имаше и загинати.

57 сенатори гласаа за подигнување обвинение, а 43 против. Иако гласовите за подигнување обвинение беа повеќе сепак беа за десет помалку од потребните две третини од сенаторите.

Постапката за импичмент за Трамп поради поттикнување на насилствата беше поведена во Претставничкиот дом една недела пред да ја напушти претседателската позиција. Гласањето на Сенатот теоретски му овозможи на Трамп да се натпреварува на претседателските избори во 2024 година.