December 1, 2022, 8:46 pm

Ce чeкa дoзвoлa oд Рycиja: Одoбpeни 550 илjaди cpпcки вakцини „Cпyтник B“ за извoз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министерот без ресор Ненад Поповиќ  изјавил дека рускиот институт Гамалеја одобрил за употреба 550.000 вакцини Спутник V кои во Торлак се произведени до 13 август.

Поповиќ за РТС изјавил дека вакцините се со целосно еднаков квалитет како тие кои се произведени во Русија и дека до крајот на годината се планира производство на 4 милиони дози.

Тој прецизирал дека се контролирани 960 примероци по 18 параметри според најголемите светски стандарди и дека сите покажале „одличен резултат“.

– Имаме 550.000 вакцини (275.000 вакцини од компонентата 1 и 275.000 вакцини од компонентата 2) подготвени за употреба во Србија, со назнака произведено во Србија-изјавил тој.

Според него, одлуката за извоз на вакцините ќе ја донесе Владата на Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Треба да усогласиме со рускиот партнер, од нив да добиеме одобрение за извоз за да не се случи и едните и другите да извеземе на исти пазари – вели Поповиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This