Ce зakaнyвaл дeкa ќe ja paзнece кaтeдpaлaтa вo Виена: Уaпceн 15-гoдишник co пoтeклo oд Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло кој се заканувал со терористички напад во центарот на Виена, пишуваат австриските медиуми.

Малолетникот, бидејќи не добил одговор на „чат“ со канцеларот Себастијан Курц, се заканил дека денеска во 13 часот ќе изврши терористички напад врз виенската катедрала Стефандом.

Откако беше утврден идентитетот на лицето кое упатило закани до канцеларот, специјалци го лоцирале и уапсиле заканувачот.

Малолетникот досега не и бил познат на полицијата по ниту една основа, а полициските службеници во моментов проверуваат дали неговата закана е поврзана со исламски тероризам.
По апсењето заканувачот изјавил дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станува збор за „шега“.

Тој исто така вели дека не бил свесен за последиците од неговите постапки.

Тој сега е во истражен затвор, а полицијата спроведува понатамошна истрага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This