Ce пoдгoтвyвa Зaкoн зa пpoглacyвaњe нa Kaњoнoт Maткa зa cпомeник на пpиpoдaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува Закон за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата.

Просторот на локалитетот Кањон Матка, образложуваат од Министерството, се прогласува за споменик на природата заради заштита на неговите природни вредности кои се од посебно значење за заштита на природата.

„Со прогласување на Споменик на природата Кањон Матка за заштитено подрачје се овозможува зачувување на природната состојба на локалитетот Кањон Матка преку заштита на природните и други вредности, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите“, се вели во законското образложение.

Извор: akademik.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This