дома Актуелно Ce формира Движење Илирида: Нова партија која ќе поднесе барање за федерализација...

Ce формира Движење Илирида: Нова партија која ќе поднесе барање за федерализација и формирање држава во држава

Треба да се промени позицијата и статусот на Албанците во Македонија, бидејќи сме население со компактно распространување и голем демографски број. Меѓународните норми, Повелбата на Обединетите Нации и документите на Хелсинки ни даваат право да имаме автономно владеење и да ја имаме Република Илирида, која е израз на волјата на граѓаните – Албанци.

Ова во саботата дебата во Тетово на тема „Република Илирида – фундаментално решение за функционирање на рамноправноста во Македонија“ го изјави Неџат Беџети, претставен како претседател на Движењето Илирида.

Дебатата е најава за формирање на нова политичка партија која планира да учествува на изборите, а по победата ќе формираат парламент на Илирида“, пренесува ТВ Клан.

Триесет години сме сведоци на жртвувањата за да владееме заедно со другите народи во Македонија, но ова заедничко владеење не ги даде саканите резултати. Крајно време е за промени. За да постигнеме регистрација како политичка партија и да учествуваме во изборите и изборната кампања, ќе го поднесеме барањето за федерализација на државата и ако ги освоиме гласовите на граѓаните, по автоматизам ќе го формираме парламентот на Илирида, која ќе функционира како втора Ррепублика во рамки на Македонија, рече Беџети.

Меѓу учесниците на дебатата беа и Невзат Халили и Милаим Фејзиу, иницијатори на референдумот од 1992 година.