дома Хроника Ce oднecyвaл aгpecивнo пa нaпaднaл пoлицaeц – пpивeдeн 71-гoдишeн тeтoвчaнeц

Ce oднecyвaл aгpecивнo пa нaпaднaл пoлицaeц – пpивeдeн 71-гoдишeн тeтoвчaнeц

Тетовец на 71 година е приведен во полициска станица откако нападнал полицаец. Нема информација од полицијата каде и што претходело на инцидентот.

-Околу 16:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 71-годишниот тетовец С.М., кој се однесувал агресивно и физички нападнал еден од нив.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.