January 21, 2022, 12:40 pm

Ce тeпaлe и бecнeeлe co „jaгуap“ – пpивeдeни тpи лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовските полицајци од станицата во Камењане вчера привеле две машки лица од Богoвиње и едно од Горно Седларце поради учество во физичка пресметка, а при тоа бил загрозен животот на учесници во сообраќајот со употреба на патничко возило јагуар.

„Во 20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17:30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, каде било инволвирано уште едно лице, при што со патничко возило јагуар без регистарски ознаки била загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот“, информираат од СВР Тетово.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This