CKЛУЧEHИ HAД 18.000 ДОГОВOPИ: Haмалени тpaнcпарентноста и конкypeнтноста на тендepите во јавното здpaвcтво, се создава можност за кopyпција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нивото на транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции бележи тренд на намалување. Ова го покажува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции.

Институциите за овие четири години, соопштија од ЕСЕ, склучиле повеќе од 18.000 договори за набавка на стоки и услуги и за извршување работи, за кои потрошиле над 300 милиони евра.

Во 2019 година најголемо намалување според обемот на објавени информации за спроведените постапки за јавни набавки се регистрирани кај Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, општите и клиничките болници, центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје. Дополнително, анализата нотира дека од година во година се намалува конкурентноста односно сè помал број компании учествуваат на тендерите и го добиваат бизнисот што само по себе создава поголеми можности за корупција и злоупотреби, посочуваат од ЕСЕ.

– Народните пари што се трошат за јавни набавки се зголемуваат, но не и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат пациентите. Недостигаат лекови и медицинска опрема, постојат долги листи на чекање кои се всушност и болно секојдневие за пациентите, вели Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ.

Според Здружението ЕСЕ, неопходно е да се воведе систем за избор на компаниите кој ќе се базира на критериуми за максимизирање на резултатите и ефектите од јавните набавки при што ќе се замени најниската цена како единствен критериум.

– Дури и да нема очигледна корупција, граѓаните треба да знаат дека нивните пари се трошат правилно и во корист на оние на кои им се најпотребни. Потребите на пациентите треба да бидат приоритет за здравствените центри, клиниките и болниците, вели Деби Будлендер, меѓународен експерт за родово одговорно буџетирање.

Истражувањето покажува дека најголем дел од договорите за јавни набавки се случуваат во првиот и четвртиот квартал од годината, што говори дека јавните здравствени институции немаат годишен план за набавки или пак не се придржуваат до него, стои во соопштението од ЕСЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This