дома Македонија Ckaндалозна одлука на комисијата на Филипче: Нема лекарска грешкa во случајот на...

Ckaндалозна одлука на комисијата на Филипче: Нема лекарска грешкa во случајот на родилката која остана без opгaни

По првиот извештај дека нема одговорност во случајот кога родилката Јилдиз Веапоска без да знае, остана без органи, министерот за здравство Венко Филипче формираше втора комисија. Како што дознава КУРИР од извори од скопските клиники, чии вработени беа дел од новата комисија, уште еднаш е донесена одлука дека лекарска грешка нема!

КУРИР дознава дека членовите на комисијата констатирале дека докторите кои ја оставија жената без органи, всушност го спасиле нејзиниот живот.

Со ова се отвора простор за сомнеж дека самото формирање на Комисијата имало за цел замајување на јавноста која бурно реагираше за овој случај.

Родилката Веапоска се породи на 31-ви август минатата година. Никој не ја информирал дека извадени се и други нејзини органи, по што состојбата ѝ се влошила и завршила на КАРИЛ во Скопје.

Докторите на скопската клиника ѝ кажале дека и недостигаат матката и еден бубрег.