дома Балкан Ckaндал ја тресе Албанија: Cycпендирани над 30 полицајци позитивни на kokаин

Ckaндал ја тресе Албанија: Cycпендирани над 30 полицајци позитивни на kokаин

Над 30 полицајци во Албанија се суспендирани бидејќи биле позитивни на допинг тест.
Од околу 1.000 тестирани полицајци, повеќето биле позитивни на кокаин, дознава албанскиот портал Еуроњуз од неофицијални извори.
Полицајците кои беа тестирани се избрани од надлежната служба на албанското Министерство за внатрешни работи, врз основа на сомнежи и информации, а како што се наведува, дел од полицајците ги негирале резултатите од тестот и се заканиле со тужби.
„Еуроњуз“ контактирал и со лабораторијата каде е извршено тестирањето, но тие одбиле да одговорат на кој начин и под кои услови е извршено тестирањето, објави Косово онлајн.

Се додава дека во првата фаза од оваа постапка биле тестирани полициски службеници од понизок ранг, по што ќе бидат тестирани и оние со повисоки чинови.