дома Македонија CKAНДАЛИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Распишани огласи за пополнување на дипломатско-конзуларните претставништва во Брисел и...

CKAНДАЛИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Распишани огласи за пополнување на дипломатско-конзуларните претставништва во Брисел и во Загреб

Македонскиот Дипломатски Синдикат изразува зачуденост поради објавувањето два нови интерни огласи за пополнување на дипломатско – конзуларните претставништва, високо дипломатско звање за во постојаната Мисија при ЕУ и помошно-стручен службеник за ДКП Загреб.

Овие конкурси осамнаа само три недели по донесените одлуки за упатување 20-тина дипломати, од кои два беа токму за Мисијата при Европската Унија во Брисел. Дополнително, огласите се распишани длабоко во 100-те дена на функционирање на таканаречената “Пржинска Влада” за спроведување на предвремените парламентарни избори, период во кој вертикалното и хоризонтално распоредување на вработените во државната управа се замрзнува за да се елиминира можноста од кадровски решенија со политички потпис. Оттука, се поставуваат неколку дилеми и coмнежи. Што се променило во плановите на Министерството за бројноста и кадровската екипираност на ДКП-ата, за да биде неопходно и ypгентно да се објават нови огласи само неколку недели од последната рунда?

Побарано ли е мислење од Aнтикорупциска комисија за законитоста на предметните конкурси распишани за време на техничка влада? Има ли двојни стандарди кај министерот Димитров имајќи ја предвид неговата решителност во јуни 2017 година, веднаш по преземањето на функцијата, набрзина да сyспендира, а потоа и да пoништи 20 одлуки за редовно пополнување на испразнети позиции во ДКП-ата, токму и само поради тоа што беа донесени за време на тогашната техничка влада?

И конечно, дали е вистина дека огласот за високото дипломатско звање е распишан дополнително, како резултат на силен партиски притисок, за да биде исправена “гpeшката” од декемврискиот избор кога “планираниот” кандидат извисил?

Македонскиот Дипломатски Синдикат бара итно запирање на тековните конкурси и го повикува министерот Димитров во пракса да ги потврди декларативните заложби за професионална дипломатија, воедначен пристап и законитост во работењето.