дома Социјални Мрежи Ckaндалозно е што Маричиќ оддава информации од постапка

Ckaндалозно е што Маричиќ оддава информации од постапка

Дарко Костовски преку статус на Фејсбук вели дека скандалозно е што Маричиќ оддава информации од постапка.

-Скандалозно е што Маричиќ оддава информации од постапка. Со изнесување на информации дека наводно е преиначена пресуда за сообраќајката кај млечен во две години затвор е обид за купување политички поени и некаква ексклузивност, што само по себе е кривично дело.
Судот одлуките ги донесува во совет, и тие одлуки се соопштуваат јавно, никој не смее да ја знае одлуката на судот пред таа да биде официјално објавена.
Уверени сме дека и две години затвор е мала казна, и дека системот мора да функционира за сите. Но Маричиќ никако не смее да злоупотребува информации и да глуми сензационалност.
Прашањето е како стигнала информацијата до Маричиќ, дали за тоа се употребени каналите на кланот Маричиќ во судството !?
Со самиот факт што Маричиќ знае што одлучил судот се поткопува целиот правен систем во Македонија.
Ако Николовски е вистински вицепремиер за антикорупција, нека побара разрешување на ми остерот за правда Маричиќ веднаш, стои во неговиот пост на Фејсбук.