дома КОВИД-19 (Коронавирус) Ckaндал во Бразил: Луѓе излажани дека биле вакцинирани, ги вакцинирале со празен...

Ckaндал во Бразил: Луѓе излажани дека биле вакцинирани, ги вакцинирале со празен шприц

Бразилската полиција отвори истрага откако се појавија информации дека многу луѓе од ризични групи се излажани дека се вакцинирани. Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до властите да помогнат во напорите да се дознае што навистина се случило. Во Рио де Жанеиро досега се откриени три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „инјекции со воздух“, во кои здравствените работници вакцинирале од празни шприцеви. Сѐ уште не е познато каде завршиле вакцините

Бразил е земја со потврдени скоро 10 милиони случаи на Ковид -19, а починаа над 242.000 луѓе.