Ckaндал во Грција: Нoвиот министер за здрaвство обвинeт за антиceмитизам, Еврејските заедници и ЕУ со остра рeакција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот грчки министер за здравство, Танос Плеврис, кој беше назначен по реконструкција на владата, беше принуден да се извини за антисемитските коментари што ги даде во минатото по острата реакција на Централниот одбор на еврејските заедници во Грција; пренесува Еуроактив.

Прашањето беше доставено дури и до Европската комисија, при што европратеникот Стелиос Кулоглу го праша Маргаритис Скинас, комесар одговорен за „Промовирање на нашиот европски начин на живот“, дали Плеврис го претставува начинот на живот на ЕУ.

Централниот одбор на еврејските заедници во Грција издаде соопштение во кое го обвини Плеврис за нетолерантни и пронацистички ставови во минатото и го повика да се извини и да ги осуди негирачите на Холокаустот.

Плеврис тогаш издаде соопштение во кое се вели дека се противи на секаков вид антисемитизам.

Министерот за внатрешни работи Макис Воридис, исто така член на актуелниот грчки владин кабинет, исто така беше принуден да се извини за антисемитските коментари.

Многу грчки медиуми ја критикуваа неодамнешната реконструкција на владата, велејќи дека тоа е јасен пресврт кон екстремно десничарската фракција на владејачката партија Нова демократија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This