дома Балкан Ckaндал во Тирана: За Илир Мета, Медвeѓa е албанска територија и ја...

Ckaндал во Тирана: За Илир Мета, Медвeѓa е албанска територија и ја oбвинyвa Србија за paceлyвање на Албанците

Албанскиот претседател Илир Мета ја обвини Србија дека денес се обидува да ги расели Албанците во Медвеѓа и повика на крај на раселувањето на Албанците од вековните “албанските територии“.

Медвеѓа е населено место во југоисточна Србија во т.н. Јабланички огруг. Во Медвеѓа според последниот попис живеат 2.848 жители од кои мнозинството се Срби.

Мета ова го изјави за време на церемонијата на која му ја додели титулата „Витез на редот на Скендербег“ на политичкиот активист од Медвеѓа, Мухарем Салиху, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.

Разбирам зошто Србија се обидува да спроведе процес на депопулизација на Медвеѓа во нечесната игра на нееднакви територијални корекции. Оваа награда за Мухарем е награда за сите оние кои решија да останат, да дадат отпор, да не ги напуштаат домовите на своите предци – рече Мета.

Инаку на истата тема поранешниот косовски претседател Хашим Тачи во март оваа година изјави:

Сонувам Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат припоени без да биде загрозен територијалниот интегритет на Косово – изјавил Тачи за ТВ Клан и додал: Кој и да зборува за размена на територии тоа го прави за внатрешни потреби, бидејќи за ова прашање никогаш не станало збор, а најмалку во Вашингтон.