дома Европа Ckaндaл во Германија: Медицинска сестра, место вакцина давала инфузиски раствор

Ckaндaл во Германија: Медицинска сестра, место вакцина давала инфузиски раствор

Медицинска сестра во германскиот центар за вакцинација во Шортенс, наместо вакцина давала натриумхлорид. Повеќе од 100 луѓе биле подложени на анализа на антитела за да се утврди кој не добил вакцина. 22 од тестираните ќе треба повторно да се вакцинираат затоа што наместо вакцината на „Бионтек-Фајзер“, тие примиле само инфузиски раствор на натриумхлорид.

Истрагата е спроведена откога медицинска сестра од центарот за вакцинација во Шортенс признала дека наполнила шест шприца со натриумхлорид наместо со вакцина. Таа објаснила дека при подготовката ѝ паднало и ѝ се скршило едно шише вакцина, што сакала да го забошоти.

Претходно, лажни вакцини примиле луѓе во Италија, Мексико, Полска. Во овие земји имаше случаи каде им бил даден друг раствор, кој нема да предизвика проблеми, а сепак не се работи за вакцина.