дома Европа Ckaндaл вo Русија: Cтpaнcкa кoмпaниja caкaшe дa ги зaфpкнe русите – им...

Ckaндaл вo Русија: Cтpaнcкa кoмпaниja caкaшe дa ги зaфpкнe русите – им пpoдaдoa 10 милиони кopиcтeни хиpypшки paкaвици

Скоро десет милиони веќе користени медицински нараквици за еднократна употреба беа доставени во Москва, поради што московското обвинителство поднесе кривична пријава.

Обвинителството во Москва денес објави дека руска приватна компанија склучила договор со странска компанија за испорака на ракавици и дека биле испорачани 9,9 милиони парчиња.

Утврдено е дека производите не одговараат на квалитетот и дека има траги дека биле користени претходно – изјави обвинителството.

Обвинителството смета дека во услови на пандемија „Ковид-19“ станува збор за грубо кршење на санитарно-епидемиолошките правила, што можело да доведе до масовно заболување на луѓето.

Со новиот закон нрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, носењето маски и ракавици е задолжително кога престојувате на јавни места, продавници и во јавен превоз.