Cmpтнитe cлyчaи вo Данска нaдминaa 1.000

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска ја надмина границата од 1.000 смртни случаи со коронавирус. Бројот на починати е веќе 1.007, а денес е забележан рекорден број од 4.508 новозаболени. Во земјата со вкупно 5,8 милиони жители, регистрирани се околу 128.300 случаи.

Оваа недела владата на Мете Фредериксен објави привремено затворање на сите трговски центри од вчера до почетокот на следната година за да се запре ширењето на епидемијата. Мерките ќе бидат засилени следната недела – сите продавници освен аптеките, самопослугите и супермаркетите ќе бидат затворени од 25 декември до 3 јануари.

Салоните за убавина, физиотерапевтите и автошколите се затворени од понеделникот. Учениците од основно исто така ќе останат дома од тогаш, рече Фредериксен. Баровите, кафулињата и рестораните сега можат да нудат само домашна храна.

До почетокот на следната година ќе бидат затворени музеите, кината, театрите, спортските центри, теретаните и базените. Низ целата земја, собирањето луѓе на јавно место е ограничено на 10 лица. На државните службеници им беше препорачано да работат од далечина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This