дома Свет CMPTTA HA OBAA ЖЕНА ќе предизвика судири од големи размери

CMPTTA HA OBAA ЖЕНА ќе предизвика судири од големи размери

Судијката Рут Бадер Гинзберг, една од највлијателните жени во Америка, легендарна активистка за правата на жените и втората жена назначена во Врховниот суд на САД, почина во својот дом во Вашингтон на 87-годишна возраст по тешко боледување, со што останува отворена сцената з ауште еден судир помеѓу републиканците и демократите, за избор на нејзин наследник.

Според медиумите, битката ќе се води околу тоа дали претседателот Доналд Трамп треба да назначи, а Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, ја потврдуваат нејзината замена или нејзината позиција треба да остане празна сè додека не се знае резултатот од претседателската трка.