дома Македонија Coвeтoт нa aмбacaдopи ja ocyдyвa идejaтa зa пpoмeнa нa гpaницитe нa Балканот

Coвeтoт нa aмбacaдopи ja ocyдyвa идejaтa зa пpoмeнa нa гpaницитe нa Балканот

Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции,  согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от којшто заговара промена на границите на Балканот. Тој, по сѐ изгледа сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер, кои се исправени пред мајското преземање на претседателството со Европската Унија. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за која што, како во позната филмска  рашомонијада следеа разни спротивставени изјави.

Советот со големо изненадување и загриженост посочува кон фактот дека дел од балканските земји, сега полноправни членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ се наоѓаат на хартија, што проектира состојби кои не смеат и не можат да бидат решавани и решени во изолирани Европски кругови и/или нечии кабинет.. 

Оттаму, Советот високо ја цени брзата реакција на Стејт департментот, што потсетува на клучните договори, кои се веќе постигнати заради мир и соработка во Балканскиот регион и коишто треба да се спроведуваат во реалноста.

Советот стои цврсто на ставот дека етноцентризмот, националзмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион на ЈИЕ.

Советот на амбасадори предупредува дека НОН ПЕЈПР-от претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофалналавина, што настанала од мала топка снег.