Coбpaниeтo ќe ja пpoдoлжи 38. ceдницa вo 15 чacoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, по скратена постапка денеска помина и на Законодавно-правната комисија, откако вчера доцна попладне заврши општата и амандманска расправа на Комисијата за европски прашања.

Како што информира собраниската прес-служба, денеска во 15 часот ќе продолжи 38. седница на Собранието со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

По завршување на 38. седница на Собранието, како што е најавено, ќе продолжат 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та седница на Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This