дома Македонија Coветниците на СДСМ и Шилегов одбиja да paзговараат за пpaвата на скопските...

Coветниците на СДСМ и Шилегов одбиja да paзговараат за пpaвата на скопските пожapникapи

Советничката група на СДСМ во Град Скопје го одби предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата велат дека во целост ги поддржуваат барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и градот Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата.

Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов нема слух за нивните потреби, иако за тоа нивно право за исплаток на надоместок за опасност при работа имаат и одлука на судот дека им припаѓа, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пожарникарите на скопската противпожарна единица протестираат бидејќи, како што велат, Град Скопје не им го исплаќа надоместокот за опасност при работа.

Градските власти, пак, негираат дека има одлука од судот, велат платите за пожарникарите ги добивале од државата ама без надоместок за опасност при работа. На незадоволните од висината на платата им порача да си најдат друго вработување.