дома Македонија Coвeтoт нa Скопје ќe глaca зa вoвeдyвaњe нa cиcтeм зa пaмeтнo ocвeтлyвaњe...

Coвeтoт нa Скопје ќe глaca зa вoвeдyвaњe нa cиcтeм зa пaмeтнo ocвeтлyвaњe нa jaвнитe пoвpшини

Развојниот план за изградба и одржување на паметно јавно осветлување на улици во надлежност на Град Скопје и платформа за паметен град за период 2021-2023 година е една од главните точки за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 60-та седница.

„Со овој развоен план се утврдува дека Градот има потреба за имплементирање на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град (Digital City), базирана на најсовремена технологија, интернет на нештата (Internet of Things/IoT)“, се наведува во соопштението на градските власти.

Преку оваа технологија се овозможува поврзување на разновидни уреди и компоненти на платформа преку интернет, заради собирање на информации за точно разбирање на настаните во реално време, анализа на истите и преземање на соодветна акција.

Имплементацијата на системот за паметно осветлување предвидува набавка и инсталацијата на околу 10.000 нови ЛЕД светилки на сообракајниците, проштадите и јавните површини во надлежност на Градот, а со тоа значително ќе се модернизира постоечкиот систем и ќе ја унапреди енергетската ефикасност на Градот Скопје.

„Согласно иницијалните анализи, замената на постоечките натриумови и живини светилки со ЛЕД светилки како извори на енергетски ефикасно осветлување и дополнително користење на опцијата за нивна паметна регулација на светлосниот интензитет, носи потенцијал за заштеди на потрошувачката на енергија за јавното осветлување, од околу 70% во однос на постоечкиот систем“, се посочува во соопштението од Град Скопје.

Покрај паметното осветлување, предвидено е изработка на платформа за дигитален град, ореку интеграција на системот за паметно осветлување со систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода, како и Градски портал за IoT.