дома Хроника Co „бмв“ и „мерцедес“ пpeвeзyвaлe мигpaнти oд Куба – пpивeдeни двe лицa...

Co „бмв“ и „мерцедес“ пpeвeзyвaлe мигpaнти oд Куба – пpивeдeни двe лицa oд Скопје

На 20.09.2021 во 22.00 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија”, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово” биле приведени А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв” и „мерцедес” со скопски регистарски ознаки и во нив превезувале шест лица – мигранти од Куба, кои илегално влегле во државата. 

За настанот бил известен Јавен обвинител.

Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата-мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце”.