дома Балкан Co кoe cpцe..: Бeбe нajдeнo вo кoнтejнep вo cpпcкиoт гpaд Обpeнoвaц, ocoмничeнa...

Co кoe cpцe..: Бeбe нajдeнo вo кoнтejнep вo cpпcкиoт гpaд Обpeнoвaц, ocoмничeнa бaбaтa

Новородено бебе е најдено денеска во контејнер во српскиот град Обреновац. Во моментов бебето е на интензивна нега.

Бебето од женски пол имало околу три килограми, а лекарите утврдиле дека е родено на време.

Мајката (23 години), после породувањето во стан, поради крварење е пренесена во болница. Добро се чувствува, и нејзината ситуација е стабилна.

Денеска полицијата соопштила дека била уапсена 61-годишна жена, која што е баба на детето, осомничена дека само што се породила нејзината ќерка, бебето го фрлила во контејнер.