дома Македонија Co пapите за новогодишно укpacување, Kyманово ќе кyпи тaблeти за yчeниците

Co пapите за новогодишно укpacување, Kyманово ќе кyпи тaблeти за yчeниците

Куманово за два дена треба да го одбележи 601. роденден од своето постоење, но годинава поради коронавирусот ќе изостанат традиционалниот музички концерт и огномет на плоштадот.

Како што информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски, тие средства, заедно со парите предвидени за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за да се купат таблети за учениците.

„Оваа година решивме средствата кои се предвидени за организација на концертот и средства за новогодишното украсување и огнометот да ги пренамениме, и дадов предлог во ребалансот на буџетот до советот да се пренаменат за обезбедување набавка на таблети и друга опрема која ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина, изјави Димитриевски“, пишува порталот kumanovskimuabeti.mk.