Co штo ќe ce вakциниpaaт ceгa лицaтa пoд 60 гoдини, oткaкo „АстраЗенека“ e cтoпиpaнa зa нив?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска почнува т.н. масовна вакцинација на населението. Државава ги има на располагање во моментот вакцините на Астра Зенека, но според синоќешната изјава на министерот за здравство Венко Филипче, тие нема да можат да ги примат лицата под 60 години. Ова последно го препорачала Европската агенција за лекови.

-Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со Астра Зенека лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст над 77 години, рече вчера Филипче.

Ваквата информација сега ги збуни граѓаните. Голем дел од нив не се над 60 години но се во приоритетната група, заради хронични болести или затоа што се новинари, полицајци, вработени во градинки… Дел од нив од синоќа јавно поставуваат прашања на социјалните мрежи:

-Добро, со кои вакцини ќе не вакцинирате, кога други во моментот освен Астра Зенека немаме?

-Заради ова требаше на време да набавите вакцини, точно заради ова, сега кога нема да се даваат Астра Зенека на помлади од 60, до кога ќе ги чекаме другите?

-Тамам се израдувавме дека конечно ќе почнеме да се вакцинираме, и сега солуција?

Министерот најави дека до крајот на месецот ќе стигнеле и другите вакцини, околу 300 илјади според последното ветување. Но со оглед на досегашните бројни најави кои не се исполнија, граѓаните со право имаат резерви и недоверба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This