дома Балкан Cocтојбaтa нa Koвид-19 во Србија: Peгиcтpиpaни 49 cmpтни cлyчaи и 4.091 нoвoзapaзeни...

Cocтојбaтa нa Koвид-19 во Србија: Peгиcтpиpaни 49 cmpтни cлyчaи и 4.091 нoвoзapaзeни лицa зa 24 чaca

Во Србија во изминатите 24 часа, како последица на инфекции со ковид-19, починаа 49 пациенти, со кои вкупниот број на смртни случаи во земјата од почеток на пандемијата сега изнесува 2.882. Процентот на смртност е 0.91.

Според податоците на Институтот за јавно здравје на Србија, во изминатото деноноќие се тестирани 15.387 лица, а присуство на вирусот е потврдено кај 4.091 од нив.

На болничко лекување во моментот се наоѓаат 9.688 пациенти од кои 312 се приклучени на респиратори.

Србија до денеска направи 2.203.391 тестови од кои 316.344 со позитивни резултати.