Cocтoјбaтa на Koвид-19 во cвeтoт: Бpoјoт нa зapaзeни сo кopoнaвиpycот нaдмина 31 милиoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заразени со коронавирусот во светот, според веб-страницата Ворлдометер (Worldometer), надмина 31 милион.

САД се најпогодени од пандемијата, каде има речиси седум милиони заразени, а повеќе од 200.000 починале.

На второ место е Индија, каде се разболеле 5,4 милиони луѓе, а бројот на заразени секој ден се зголемува за речиси 100.000.

Во Бразил, кој е на третото место по бројот на заразени, се разболеле повеќе од 4,5 милиони луѓе, а во Русија повеќе од еден милион.

Во Европа, коронавирусот е потврден кај повеќе од 4,4 милиони луѓе, а после Русија, следуваат Шпанија – 659.334, па Франција со 442.194 заразени.

Според Ворлдометер, во светот досега се заразени 31.002.576 лица, починале 961.612 луѓе, 22.610.880 се излекувани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This