дома КОВИД-19 (Коронавирус) Cocтojбaтa вo Бразил aлapмaнтнa: Oкoлy 2000 лицa ymиpaaт ceкoj дeн кaкo пocлeдицa...

Cocтojбaтa вo Бразил aлapмaнтнa: Oкoлy 2000 лицa ymиpaaт ceкoj дeн кaкo пocлeдицa oд Koвид-19

epaselect epa08479378 An Activist places one hundred and ten crosses, as a way of denouncing the errors made by the Government in managing the coronavirus crisis, during a protest organized by the NGO Rio de Paz, on Copacabana beach , Rio de Janeiro, Brazil, 11 June 2020. EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Четири месеци од почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19, обележана со недостиг и одложувања, тешко погодениот Бразил сè уште се бори да најде доволно дози на вакцини.

Околу 33 милиони луѓе, или 15 проценти од населението, примиле барем една доза на вакцина во Бразил, но тоа е процент што е сè уште мал за да може значително да влијае на намалување на интензитетот на вирусот.

Владата на претседателот Жаир Болсонаро, која е цел на истрага поради пандемијата, се соочува со критики за неуспехот да обезбеди повеќе вакцини, особено затоа што ја одби понудата за купување милиони дози и предизвика дипломатски тензии со Кина.

Во моментов немаме доволно вакцини, вели Маргарет Далколмо, пулмолог и истражувач на Институтот за јавно здравје во Фиокруз.

Веќе треба да ги вакцинираме помладите луѓе, особено имајќи предвид дека помладите лица се моментално носители на болеста, вели таа.

Бразил сè уште треба да вакцинира 80 милиони луѓе од приоритетните групи, вклучително и стари лица и здравствени работници.

Во Бразил поради коронавирусот имаше најголем број на починати од која било друга земја, освен САД каде беа регистрирани повеќе од 430.000 лица поради Ковид-19 и има една од највисоките стапки на смртност во светот.

Иако сегашниот бран од коронавирус во Бразил е малку стивнат од април месец, вирусот сè уште убива неверојатно голем број на луѓе во земјата или скоро 2.000 лица на ден.