March 28, 2024, 10:44 pm

Cocтojбaтa пoвтopнo cтaнyвa зaгpижyвaчкa: Бpojoт нa зaбoлeни oд Koвид-19 ce згoлeмyвa..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заболени од Ковид-19 во државава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 5.959 тестирања регистрирани се 325 нови случаи со Ковид-19, 11 оздравени пациенти и еден починат пациент од Битола.

Бројот на активни случаи во државава достигна 1.268 од кои најголем број има во Тетово 379 и во Скопје 370, а по нив следат Гостивар со 126, Куманово со 114, Битола 38 и Дебар со 36.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи, како што посочуваат, само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

– Во овој период важно е граѓаните да покажат што поголем интерес за вакцинација и да се вакцинираат, бидејќи само со колективен имунитет може да се спречи мутирањето на вирусот СарсКов 2 и неговото рапидно ширење, посочуваат од Министерството.

Во нашата земја се уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта сојот, како во светот така и во регионот, многу брзо тој може да се прошири и кај нас. Досега во земјава се детектирани 30-тина случаи на делта варијантата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This