Cocтojбaтa co кopoнaвиpycoт e cтaбилнa – зaceгa нeмa пoтpeбa oд нoви pecтpикции, вeлaт oд Миниcтеpcтвoтo зa здpaвcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот.

Како што беше најавено Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во гостување на „Утрински брифинг“ рече дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците.

– Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Но, ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но, засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме, потенцира Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This