дома Хроника Cooбpaќајна нeзгoдa вo Валандово: Мoтoциклист тeшкo пoвpeдeн oткaкo ce cyдpил co aвтoмoбил

Cooбpaќајна нeзгoдa вo Валандово: Мoтoциклист тeшкo пoвpeдeн oткaкo ce cyдpил co aвтoмoбил

На 20.10.2021 околу 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска” и „Лазар Колишевски” во Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од с.Дедели, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија.

Увид извршила екипа на Полициската станица Валандово.