дома Хроника Cooбpaќaјнa нeзгoдa вo Скопје: Пeшaк e тeшko пoвpeдeн oткaкo бил yдpeн oд...

Cooбpaќaјнa нeзгoдa вo Скопје: Пeшaк e тeшko пoвpeдeн oткaкo бил yдpeн oд aвтoмoбил

На 19.10.2020 во 08.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Лондонска“, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(57) од Скопје, удрило во пешакот М.Ј.(78) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје.