Сообраќајна несреќа се случи во Автокоманда при што се судрија автомобил и камион. Предниот дел на автомобилот е смачкан.
Незгодата се случила на раскрсницата после хотелот Континентал во скопската населба Автокоманда. Поради вршењето на увид, лентата од булеварот која е во правец кон Центар и Битпазар е затворена, а возилата се пренасочуваат од Ќерамидница или пак Железара.
Луѓето кои се на лице место велат дека има метеж. Засега нема податоци за повредени.
Извop: faktor.mk