дома Хроника Cooбpaќajкa вo Скопје: Ce cyдpиja двa aвтoмoбили, пoвpeдeни нeкoлкy лицa

Cooбpaќajкa вo Скопје: Ce cyдpиja двa aвтoмoбили, пoвpeдeни нeкoлкy лицa

На 17.05.2021 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. „Св.Кирил и Методиј” и ул. „Народен фронт” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди”, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф”, управувано Л.Љ.(31) од с.Радуша, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Љ.(29) од с.Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „ауди”, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.