- Advertisement -
На 23.07.2021 во 15.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај место викано „Тулана”, П.С.(22) од Битола, управувајќи мопед „шамп” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда.
Во незгодата П.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола.