дома Хроника Cooбpaќajнa нeзгoдa нa пaтoт Пробиштип-Штип: Ce cyдpиja двa aвтoмoбили, нeкoлкy лицa ce...

Cooбpaќajнa нeзгoдa нa пaтoт Пробиштип-Штип: Ce cyдpиja двa aвтoмoбили, нeкoлкy лицa ce пoвpeдeни

На 06.06.2021 во 12.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип-Штип, кај с.Крупиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген” со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од Пробиштип и патничко моторно возило „фиат панда” со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(70) од Пробиштип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Р.(68) од возилото „фиат панда”, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.