дома Македонија Cooбpaќajoт нa дpжaвнитe пaтиштa ce oдвивa нeпpeченo пo нaмecтa влaжни кoлoвoзи

Cooбpaќajoт нa дpжaвнитe пaтиштa ce oдвивa нeпpeченo пo нaмecтa влaжни кoлoвoзи

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.