дома Македонија Cpeдбa нa миниcтepoт Спасовски co изpaeлcкиoт aмбacaдop Ориjaн

Cpeдбa нa миниcтepoт Спасовски co изpaeлcкиoт aмбacaдop Ориjaн

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорот на Изреал во заминување, Дан Оријан, со придружна делегација.

На средбата, соопштија од МВР, била потенцирана одличната соработка помеѓу министерствата на двете земји во изминатитие неколку години.

Една од темите на разговор беше и можноста за продлабочување на соработката во областа во повеќе области од взаемен интерес, при што фокусот на вниманието е ставен на компјутерскиот криминал, како глобален предизвик.

Министерот Спасовски, се наведува во соопштението, упати благодарност на израелскиот амбасадор Оријан за безрезервната поддршка од страна на Израел и изрази уверување дека успешната соработка ќе продолжи со несмалено темпо и со неговиот наследник на амбасадорската позиција во земјава.