дома Занимливости Cpyшен Гинисовиот рекорд за најcтар жив човек во светот

Cpyшен Гинисовиот рекорд за најcтар жив човек во светот

Поранешен одгледувач на шеќерна трска во Порторико влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек во светот, само неколку недели пред да го прослави својот 113. роденден.

Емилио Флорес Маркез е роден на 8 август 1908 година во Каролина, Порторико.

Во средата, кога официјално влезе во Гинисовата книга, имаше 112 години и 326 дена.

Маркез беше 75 години во брак со Андреа Перез, сè до нејзината смрт во 2010 година. Тие имаа четири деца. Маркез сега има и пет внуци и пет правнуци.

Тој изгубил поголем дел од слухот, а на 101 година вградил пејсмејкер. Сега е во добра здравствена состојба.

Поранешниот најстар човек на светот беше Романецот Думитру Комнеску. Почина на 27 јуни 2020 година на возраст од 111 година 219 дена.