дома Македонија Cyдството отворено како пyпka: Во канцелapиjaта нa Paшкoвcки пpoнajдeн coфтвер co пpaшaњa...

Cyдството отворено како пyпka: Во канцелapиjaта нa Paшкoвcки пpoнajдeн coфтвер co пpaшaњa зa Aкaдeмиjaта cyдии и jaвни oбвинитeли

По објавените информации во јавноста дека при извршен претрес во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет бил пронајден софтвер за прашања на кандидатите, директорката на Академијата

Наташа Габер Дамјановска вели дека нема сознанија за тоа што било пронајдено, но за Канал 5 потврди дека фирмата Инвока Груп, која е под истрага, преку која Рашковски го набавил софтверот, го одржувала хостингот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

-Фирмата Инвока Груп го сервисираше хостингот, а серверот со прашањата се наоѓа при Владата. Со оглед на тоа што оваа фирма сега е опфатена со постапка, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев преку Влада ќе бара друга фирма, вели Наташа Габер Дамјановска, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители