дома Актуелно Hаmалени kaзните: Дoживoтeн затвop само за тројца oбвинeти во „Moнстpyм“

Hаmалени kaзните: Дoживoтeн затвop само за тројца oбвинeти во „Moнстpyм“

Денеска во Кривичниот суд беше објавена пресудата за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, што се случи на 12 април 2012 година.

Доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, за кои судијата рече дека се виновни за кривичното дело „тероризам“. Обвинетиот Хаки Азири се осудува на казна затвор од 9 години, а Фејзи Азири е осуден на казна затвор од 15 години.

Единствено ослободителна пресуда доби обвинетиот Сами Љута.

-Овде никако не се работи за обичен случај, туку станува збор за монструозно садистичко убивање и ликвидирање на деца, кои едвај станале полнолетни. Замислите како се чувствувале овие деца, клекнати на своите колена, што ли им прошло во таа секунда и како се чувствувале, истакна судијата.

Во претходната постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, по што случајот почна од почеток, во надлежност на СЈО, односно на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Со претходната пресуда донесена на 30 јуни 2014 – Доживотна казна затвор за тероризам добија Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута кој денеска доби ослободителна пресуда.