дома Македонија Cyдот ќе одлучи: Дpжaвaвa нeмa дa ce спогодyвa со обвинeтите од CJO...

Cyдот ќе одлучи: Дpжaвaвa нeмa дa ce спогодyвa со обвинeтите од CJO кои тужea во Стразбур

Девет апликации се поднесени до Судот за човекови права во Стразбур против државава, информираше министерот за правда Бојан Маричиќ. Станува збор за лица кои биле обвинети од поранешното СЈО или за обвиненија кои произлегоа од нелегалното децениско прислушување. Жалбите до Стразбур ги темелат на повлечената аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Владата одговор со своите ставови треба да достави до 18 – ти месецов. Инаку, Уставниот суд пред еден месец одлучи дека повлечената аболиција на Иванов била законска, што значи дека тоа ќе биде факт кој државава ќе може да го користи во своја одбрана во Стразбур.

„Владата го задолжи владинит агент во предвидениот рок да го извести судот во Стразбург дека владата нема да ја користи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата. Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа дадени спротивно на домашното право и како такви беа избор на правна не сигурност и директен повод за незадоволство кај граѓаните“, изјави Бојан Маричиќ, министер за правда.