дома Македонија Cyдeњeтo зa „Титаник” пpoдoлжyвa нa 1-ви мapт

Cyдeњeтo зa „Титаник” пpoдoлжyвa нa 1-ви мapт

Судењето за случајот „Титаник” продолжува на 1 март. Овој судски предмет е уште во фаза на доказна постапка.

На денешното рочиште беше сослушан актуелниот премиер Зоран Заев, кој од позиција на сведок предложен од обвинителството сведочеше за изборните нерегуларности вршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу обвинети за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изборните нерегуларности се обвинети Никола Груевски (во бегство), поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакивески и други поранешни високи функсионери на ова политичка партија.