January 17, 2022, 5:43 am

Cела и Гaши нe oдaт на paмковната прослава, договорот не бил спроведен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да присуствуваме на прославата која наместо „прослава“ треба да се именува како незрел пиар и непотребно трошење парите на граѓаните, вели Скендер Реџепи координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива нема да учествуваат на централната манифестација посветена на 20 -годишнината од Охридскиот рамковен договор што ќе се одржи утре во Хотелот Александар Палас.

Координаторот на пратеничката група на АА-А Скендер Реџепи за Плусинфо вели дека нема да присуствуваат на одбележувањето бидејќи Рамковниот договор и 20 години по донесувањето не е спроведен.

– Охридскиот рамковен договор уште кога беше постигнат не ја отсликуваше реалната политичка, економска и безбедносна ситуација во земјата пред и за време на конфликтот од 2001 година. Но иако беше некомпатибилен со реалноста, истиот требаше целосно да се имплементира уште во 2004 година. И денес после 20 години сѐ уште не е целосно имплементиран. И наместо претставниците од власта да се изјаснат зошто е далеку правичната застапеност како на етнички план, така и во политички, економски, социјален и во регионален развој, тие главен медиумски акцент ставаат на баналното обезбедување на оригиналот од тој договор. Затоа Алијанса за Албанците и Алтренатива нема да присуствуваат на прославата која наместо „прослава“ треба да се именува незрел пиар и непотребно трошење на парите на граѓаните – вели Реџепи.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This