January 27, 2022, 10:26 am

Cо дигитализацијата завршува бесплатното образование, оваа реформа само ќе ги продлабочи разликите кај децата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска вечерва во „Што не е јасно” во Алфа телевизија, во однос на новиот закон и најавената дигитализација, истакна дека со дигитализацијата завршува бесплатното образование, законот е голем ќорсокак на власта, а минисерката Царовска останува да биде слепа на барањата од јавноста и родителите, како и тоа дека оваа реформа само ќе ги продлабочи разликите кај децата, а нема да донесе долгорочни реформи.

-Од оваа власт се очекува се што е во интерес на народот да е неприфатено, за жал на јавноста и за сите нас одговорот од власта за референдум за учебниците беше негативен, вели Стаменкоска Трајкоска.

Пратеничката вели дека како професор била секогаш за се што е ново да е прифатено, но да биде прифатливо за сите, a овој процес на дигитализација кој се наметнува не е прифатлив за сите.

Формата на законот која прво беше дадена на матичното тело за разгредување, па потоа беше повлечена од Комисијата за образование, јас во истиот увидов многу недостатоци, затоа што со овој закон ерата на бесплатно образование за учениците и родителите завршува, појасни Стаменкоска Трајкоска.

Таа објасни дека дигитализацијата во училниците ќе донесе хаос, во училиштата доаѓаат деца кои се од различни категории, нема да има еднакви услови за сите, самата училница не е оспособена за таков тип на настава, и дополнително оптоварување за наставниците.
Со овој закон се оди во многу голем ќорсокак – вели Стаменкоска Трајкоска.

Во најдоброто училиште може да се случи да се нема интернет, а во руралните средини децата немаат основни услови, за жал власта е далеку од реалноста, дополнително е тоа што ќе чини многу повеќе, вели Стаменкоска Трајкоска.

Таа критикуваше дека се носат реформи кои не се долгорочни кои ќе немаат континуитет, дигитализацијата е потребна вели пратеничката, но треба да се размислува со какви ресурси располагаме и истите реформи да бидат долгорочни, да се носат транспаретно, не во затворени кругови, а министерката не смее да биде слепа на она што се посочува од јавноста.

Дали е ова „едно општество” за сите како што беа ветувањата одд кампањата на власта, додека се создаваат дополнителни дискриминации и се продлабочуваат разликите кај децата – праша Стаменкоска Трајкоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This