дома Македонија EГ3OДУC: Само лани од Македонија си заминале речиси 25 илјади луѓе

EГ3OДУC: Само лани од Македонија си заминале речиси 25 илјади луѓе

Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 жители, покажуваат најновите податоци на Еуростат. Од Србија во ЕУ заминале 51.000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62.000 и од БиХ – 53.000, пренесува подгоричкиот весник „Вијести“. Од Косово лани се иселиле 34.500 лица, од C Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000 жители. Од Албанија најмногу заминуваат за Италија – 23.000, во Грција – 17.000 и Германија 10.000. Од БиХ најмногу се иселуваат во Германија -16.000, Словенија и Хрватска. Од Косово, што во овој документ е наведена како територија на ОН според резолуцијата 1244 на Советот за безбеднocт, лани најмногу луѓе заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половината, а потоа следат Словенија и Италија. Од C Македонија лани најмногу се отселиле во Германија – 11. 500, а потоа следат Италија и Словенија.